КГ Смилевски Конгрес

Локација: во непосредна близина на музејот на холокаустот и граничи со надвозникот и улиците Иљо Војвода и новопланирана улица.

Број на гаражни места: вкупно 169

Вкупно нето површина по сите нивоа: 10.037 м²

Вкупно нето површина на деловен простор: 1.539 м²

Kатната гаража „Смилевски конгрес“ покрај функцијата за паркирање има и мултифункционален деловен простор кој е сместен во периферните делови, во краците на приземјето и на двата ката

Паркирањето е сместено во кружно јадро и се простира од кота – 3,00м па се до кота + 20,70м

Објектот има едно подземно ниво до кое се стигнува преку новопланираната улица, а преку подземното ниво се врши движењето на возилата во катната гаража, паркирањето во оваа гаража поради големината и типот на урбанистичката маркица за разлика од другите катни гаражи кои се градат е решено во кружно јадро и е спирално што на објектот му дава специфичен облик.

Ве известуваме дека бројот на месечни и годишни картички за паркирање е потполнет и нови картички не се издаваат.

Ценовник на услуги и надоместоци за користење на просторот на катната гаража

  • Паркинг карта за паркирање за 1 час: 30 денари
  • Месечна паркинг карта за физички лица: 1.770 денари
  • Месечна паркинг карта за правни лица: 2.000 денари
  • Годишна паркинг карта за физички лица: 14.160 денари
  • Годишна паркинг карта за правни лица: 20.000 денари

Трошокот за издавање на картицата изнесува 250 денари во моментот на плаќањето и истиот паѓа на товар на корисникот

Број на трансакциона с-ка: 200002809647478 Стопанска банка АД – Скопје

Барање за картичка